Мотоциклизам
Мотоциклизам Печати

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје и Мотоциклистичката Федерација на Македонија, на 3,4 и 5 Септември 2010 година, ќе се одржи 19то то меѓународно мото рели “Македонија Независност“ 2010.

 

На релито ќе настапат над 400 мотоциклисти од Балканските и Европските земји, како и од Македонија.

Релито ќе се вози на следната релација:

- 03.09 Скопје-Велес-Св.Николе-Штип-Радовиш-Струмица-Дојран

- 04.09 Дојран-Кавадарци-Прилеп-Крушево-Ресен-Охрид

- 05.09 Охрид-Кичево-Скопје

Пријавувањето на сите учесници е во Мотоциклистичка федерација на Македонија, Владимир Карчицки моб. 076/404-076 или преку меил - Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , каде треба да се уплати котизација:

- За регистрирани клубски мотоциклисти - 600ден за возач и 300ден за совозач

- За нерегистрирани возачи - 1500ден за возач и 1000ден за совозач

 

Релито се одржува под патронат на Владата на Република Македонија, а покровители се: Град Скопје и Агенција за Млади и Спорт на република Македонија.

 

Стартот на релито е од плоштадот Македонија во Скопје на 03.09.2010 во 10:00 часот, а целта е исто така на плоштадот Македонија на 05.09.2010 во 15:00 часот.

 

Релито е планирано да го отворат: Претседателот на Владата на Република Македонија, Градоначалникот на Град Скопје и Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт на република Македонија.