Кајак на Диви води
Кајак на Диви води Печати

Нашиот најдобар кајакар Атанас Николовски го освои одличното 7мо место на Светското првенство во Кајак на диви води кое викендов се одржа на патеката во Тацен, Словенија.

 

Со одлично возење во вчерашната полуфинала трка, нашиот кајакар ги изненади своите противници и се пласираше на првото место со најдобро остварено време, при што си обезбеди и место во финалното возење кое се одржа денеска. Николовски уште еднаш докажа дека е голем спортист и достојно и храбро се докажа и на патеката, каде со 3 казнени поени спортската среќа му ја одзема шансата да се бори најмалце за бронзен медал, каде и покрај казнените поени имаше одлично време, кое сепак на крајот му го донесе одличното 7мо место.

Атанас уште еднаш докажа дека е голем спортист и достоен за високи резултати.

 

Честитки од Сојузот на спортови на Скопје за постигнатиот резултат и ти посакуваме уште вакви, но и поголеми моменти во твојата кариера.