Скопски Маратон
Скопски Маратон Печати

Организациониот одбор на СКОПСКИОТ МАРАТОН објавува дека има голем интерес за овогодинешниот Маратон и до сега се имаат пријавено повеќе од 200 натпреварувачи.

 

Освен од домашните клубови и соседните земји, досега имаме пријавено учество и на натпреварувачи од Кенија, Италија, Норвешка, Финска, Мароко. Бројот на пријави се зголемува од ден на ден. Се очекува вкупниот број да достигне повеќе од 3000 натпреварувачи во трите трки кои ке се одржуваат: 42км Маратон, 21,5км Полумаратон и 5000 метри рекреативна и хуманитарна трка.

Вашето учество како натпреварувач или како волонтер можете да го потврдите на веб страната на Скопски Маратон: www.skopskimaraton.com.mk

 

БИДЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД НАЈГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ НАСТАН ВО СКОПЈЕ!