Скопски МИНИ МАРАТОН
Скопски МИНИ МАРАТОН Печати

Во организација на Сојуот на спортови на Скопје, на ден 24.04.2010 (сабота) на кејот на реката Вардар, позади Луна Парк, се одржа промотивна детска трка – СКОПСКИ МИНИ МАРАТОН. Во трката во должина од 1.600 метри учествуваа околу 500 натпреварувачи, во 2 категории - машки и женски, од 7 и 8 одделение од Основните училишта од скопските општини. Еве ги и победниците на Скопскиот Мини Маратон:


женски
1 место - Џејна Дрвар од ОУ “Тефејјуз”
2 место – Зорица Спасовска од ОУ “Крсте Мисирков”
3 место – Хаџере Фејзула од ОУ “Бајрам Шабани”
машки
1 место – Вадет Бериша од ОУ “Браќа Рамиз Хамид”
2 место – Љавдрим Амети од ОУ “Цветан Димов”
3 место – Фејзула Селимовиќ од ОУ “Дане Крапчев”

Победниците добија медали и дипломи, а беа обезбедени и награди од Мекдоналдс и Дукат, а за освежувањето се погриши Горска Вода. Донаторите на овој Мини Маратон, Мекдоналдс и Амбасада на Кралството Норвешка, за сите натпреварувачи обезбедија маици со логото на Скопскиот Мини Марато