Скопски Маратон
Скопски Маратон Печати

Сојузот на спортови на Скопје за сите професионални и рекреативни атлетичари, како и сите љубители на маратонското трчање, сака да подари:

 

Списание DISTANCE RUNNING каде што може да се најдат податоци за сите Маратони кои се регистрирани во Меѓународната Маратонска Асоцијација - AIMS, податоци, датуми, слики, контакт телефони и се што ве интересира за Маратонско трчање. Скопскиот Маратон од 2009 е член на AIMS, каде што може да се најдат и нашите податоци и резултати од одржаните Маратони.

Сите кои сакаат да добијат едно вакво списание, може да дојдат во просториите на Сојузот на спортови на Скопје (позади Ресторан Ања- градски парк) од Вторник 25.05.2010 од 10:00 до 15:00 часот секој работен ден.

Ве Очекуваме!

Спортски Поздрав,

Сојуз на спортови на Скопје